• петок, 22 ноември 2024

Во САД средба на Лајчак со Ескобар

Во САД средба на Лајчак со Ескобар

Вашингтон, 7 мај 2024 (МИА) - Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска изјави дека во САД се сретнал со американскиот специјален пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар.

„Имав многу продуктивна средба со американскиот специјален пратеник Ескобар, со нетрпение очекувам и други разговори за време на мојот престој овде“, напиша Лајчак на социјалната мрежа Икс.

Два дена претходно, тој ја сумираше претходната недела во објава на Фејсбук. каде се осврна на средбата со главните преговарачи на Косово и Србија во Брисел, за кои напиша дека биле корисни.

Во таа најава Лајчак напиша дека за време на престојот во САД ќе има детални консултации во Вашингтон и Њујорк, каде со американските партнери и соговорници од ОН ќе разговара за Западен Балкан. ссм/

фото: архива

Остани поврзан