• сабота, 21 декември 2024

Во руско гранатирање во Доњецк загинаа двајца цивили

Во руско гранатирање во Доњецк загинаа двајца цивили

Киев, 8 декември 2024 (МИА) - Двајца цивили загинаа, а еден е повреден во руско гранатирање во Доњецката област во саботата, изјави Вадим Филашкин, началник на регионалната воена управа.

„Русите на 7 декември убија двајца жители на местото Дачно. Едно лице беше повредено“, напиша утрово Филашкин на Телеграм, пренесува Укринформ.

Во текот на денот, руските сили седум пати гранатирале населени места во областа, додаде тој.

Повеќе од 158 луѓе, вклучувајќи 13 деца, се евакуирани од фронтот. Според податоците на локалната управа, од почетокот на војната во Доњецк загинале 2.894 лица, а 6.498 се повредени. ссм/

фото: архива

Остани поврзан