Во руското гранатирање во регионот Херсон оштетена болница
- Руското гранатирање во областа Херсон предизвика сериозна штета на болница, напиша на Фејсбук Олександр Прокудин, украинскиот регионален гувернер на Херсонската област.
Киев, 5 октомври 2023 (МИА) - Руското гранатирање во областа Херсон предизвика сериозна штета на болница, напиша на Фејсбук Олександр Прокудин, украинскиот регионален гувернер на Херсонската област.
Четвртиот кат од болницата во градот Берислав е „целосно уништен“, а останатите катови се оштетени, додаде Прокудин.
Нападите врз болниците се сметаат за воени злосторства.
Берислав, кој се наоѓа на брегот на реката Днепар, често е под напад од руските сили бидејќи е блиску до линијата на фронтот. паг/
Фото: МИА архива