• вторник, 23 јули 2024

Во протестите во Бангладеш уапсени над 500 луѓе

Во протестите во Бангладеш уапсени над 500 луѓе

Ханој, 22 јули 2024 (МИА) – Повеќе од 500 луѓе, вклучително и опозициски лидери, досега се уапсени во текот на неколкудневните судири во главниот град на Бангладеш, Дака предизвикани од протестите против квотите за работни места.

Најмалку 532 лица се уапсени поради насилството, изјави портпаролот на полицијата во Дака, Фарук Хосеин.

Тој додаде дека меѓу уапсените се и лидери на опозициската Национална партија на Бангладеш. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан