• вторник, 09 јули 2024

Во продажба билетите за првиот лет со летачко такси

Во продажба билетите за првиот лет со летачко такси
Берлин, 22 септември 2020 (МИА) - На Берлинскиот фестивал Гринтех, Волокоптер - пионер на градскиот воздушен превоз, објави дека е почната првата јавна продажба и резервирање летови со електрично воздушно такси во светот. Една карта чини 300 евра и може да се резервира преку интернет. - Врз основа на нашите јавни пробни летови и записите за регулаторните достигнувања, ние го отворивме патот со кој електричните летови во градовите ќе станат вообичаени за само неколку години. Со почетокот на резервациите, сега ги покануваме нашите обожаватели и иноватори ширум светот да ни се придружат и да бидеме меѓу првите кои ќе ја доживеат оваа нова и возбудлива форма на превоз, рече извршниот директор на Волокоптер, Флоријан Ројтер. Германската компанија е прва што одлучи да ја комерцијализира оваа сè уште - експериментална технологија, дури и пред да добие регулаторна дозвола за летање. Картите може да се купат на платформата за резервации на Волокоптер.си/сд/

Остани поврзан