• понеделник, 23 декември 2024

Во Прилеп гласаат болните и изнемоштени лица, штитеници во Домот за стари и затвореници во КПД

Во Прилеп гласаат болните и изнемоштени лица, штитеници во Домот за стари и затвореници во КПД

Прилеп, 7 мај 2024 (МИА) - Своето право на глас денеска во Пилеп го остваруваат 455 болни и изнемоштени лица, 68 штитеници во Домот за стари „Киро Крстескески – Платник“ и 104 затвореници во Казнено поправниот дом.

Навреме е подигнат избирачкиот материјал за гласање на болните и изнемоштени лица и на затворениците, потврдуваат од општинската изборна комисија.

Во Домот за стари каде правото за глас го остваруваат 68 штитеници, гласањето почна навремено во 7 часот и се одвива непречено.

- Бројот на штитеници кои денска гласаат е ист како и во првиот круг и се од 21 општина. Гласањето е навремено и без никакви проблеми, рече Магдалена Лазоска,  претседателка на Избирачкиот одбор.

Во Прилеп во единствениот Избирачки список се запишани 62 169 избирачи за вториот круг на претседателските избори и 62 271 гласачи за парламентарните избори. 

Утре ќе се гласа на 142 избирачки места.

Денеска непречено  и навремено се одвива и гласањето на болните и изнемоштени лица во општините Кривогаштани, Долнени и Крушево, потврдуваат од општинските изборни комисии.

Во Крушево своето право на глас го остваруваат 252 болни и изнемоштени лица и двајца затвореници.

Во општина Долнени денеска гласаат 91 болно лице и 8 затвореници, а во Кривогаштани своето право на глас го остваруваат 71 болно и изнемоштено лице.ем/цр

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан