• сабота, 06 јули 2024

Во Охрид Технолошки камп за справување со дезинформации преку образованието

Во Охрид Технолошки камп за справување со дезинформации преку образованието

Охрид, 15 август 2023 (МИА) – На Факултетот за угостителство и туризам во Охрид од утре до 19  август ќе се одржува Технолошки камп (TechCamp) за справување со дезинформации преку образованието наменет за наставници од сите предметни области во основното образование заинтересирани за инкорпорирање на технологијата и вештините за медиумска писменост во нивната наставна практика. 

Настанот се одржува во организација на Центарот за иновации и дигитална едукација ДИГ-ЕД (https://dig-ed.org/mk/) од Скопје, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје и тимот на „TechCamp на“ на Стејт департментот на САД.

На технолошкиот камп во Охрид ќе учествуваат 40 наставници и осум ментори од САД, Обединетото Кралство, Грузија и Северна Македонија. Во рамки на настанот ќе се одржат седум практични работилници, со кои се поврзуваат ментори од приватниот сектор, академијата и невладини организации со македонските едукатори. Покрај учество на работилниците, учесниците на кампот ќе работат во мали групи за да развијат практични иновативни решенија поврзани со најновите трендови и најдобри практики во образованието за медиумска писменост, борба со дезинформациите и лажните вести, како и основите на сајбер безбедноста. аб/дма/

Фото: плакат

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан