• понеделник, 23 декември 2024

Во Охрид работилница посветена на Плановите за управување со националните паркови

Во Охрид работилница посветена на Плановите за управување со националните паркови

Охрид, 25 април 2024 (МИА) – Дводневна работилница посветена на Плановите за управување со Националните паркови во земјава се одржува во просториите на Националниот парк „Галичица“ во Охрид.

-На дводневната работилница ќе се дискутира за значењето на плановите за управување со националните паркови, содржина на Плановиоте за управување со НП согласно правилникот, и практични и административни чекори во процесот на изработка и донесување, формирање тимови за планирање, клучни вредности, притисоци, ограничувања, закани, можности, различни типови на визија, петгодишен оперативен план (примери од ПУ со НПГ) и следење на спроведувањето, информираат од НП Галичица.

На работилницата присуствуваат претставници од сите национални паркови во земјата - НП „Галичица“, НП „Пелистер“, НП „Маврово“, НП „Шар Планина“, како и претставници на Министерство за животна средина и просторно планирање. аб/дма/

фото/НП „Галичица“

 

Остани поврзан