• понеделник, 29 април 2024

Во Охрид по 25 пат фестивалот за деца „Распеано рибарче“

Во Охрид по 25 пат фестивалот за деца „Распеано рибарче“

Охрид, 13 април 2024 (МИА) – Детскиот музички фестивал „Распеано рибарче“ на 15 и 16 април ќе го има своето 25-то издание.

На Големата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе бидат  изведени 23 нови детски песни кои претендираат да станат хитови и да го најдат патот до детските срца.

На сцената во танцовите кореографии заедно со триесетината изведувачи ќе се појават сто деца. 

Од самиот почеток до денес фестивалот се потпира на охридски млади изведувачи, автори на музика и текст, композитори, аранжери, короеографи и водители.

- Зад нас се над 500 изведени песни на кои времето не им може ништо и денес некои од нив се пеат, а на сцената во хорот и танцовите групи магијата на јавниот настап и сцената ја осетиле  близу 3000 деца. Има и такви кои со музиката на еден или друг начин уште се дружат. Без лажна скромност фестивалот „Распеано рибарче“ одамна е бренд, машинерија зад која стои пред сè големата љубов на организаторите, нераскинливата врска со поддржувачите, мирисот на носталгијата кон минатото и одамна зацртаниот пат кон иднината, велат организаторите. аб/мд/

фото/плакат

 

Остани поврзан