• понеделник, 23 декември 2024

Во Охрид Меѓународна конференција посветена на состојбите и трендовите во услужниот сектор

Во Охрид Меѓународна конференција посветена на состојбите и трендовите во услужниот сектор

Охрид, 27 септември 2024 (МИА) – Повеќе од 60 експерти од дваесеттина научни и професионални институции од 11 држави учествуваат во работата на 17.  Меѓународна научна конференција за услужен сектор (International Scientific Conference on Services Sector – INSCOSES 2024) што во организација на Факултетот за туризам и угостителство се одржува во Охрид.

Организаторите посочуваат дека се работи за еден од најзначајните научни настани во Охрид оваа година, со големо влијание на развојот на научната мисла, иновациите и решавањето на предизвиците во услужниот сектор, не само во нашата земја туку и на глобално ниво.

Учесниците на отворањето на собирот ги поздрави директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Билјана Стефаноска, која го нагласи значењето на науката во развојот на туризмот, потенцирајќи ја притоа улогата на високобразовните установи што организираат вакви настани од кои се очекува да произлезат  стручни видувања на актуелните состојби и трендовите во услужниот сектор и туризмот.

Свое обраќање имаше и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков кој изрази задоволство што оваа значајна Меѓународна научна конференција се одржува токму во Охрид.

- Научните заклучоци што ќе се донесат по дводневната ваша работна средба, размената на искуства и идеи се од клучно значење ако се земе во предвид дека услужната дејност е една од основните во Охрид, ако град што од секогаш бил топ-туристичка дестинација на Балканот. Осознавање на пропустите за досега сработеното, решавање на проблемите и внесување на иновации е она за кое сум повеќе од сигурен дека ќе расправате, рече Пецаков кој посочи дека се она што ќе произлезе како добар предлог од средбата ќе биде прифатено, со цел Охрид да биде попривлечна и поинтересна дестинација, за што поголем број гости од земјава и странство. аб/дма/

фото:МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан