Во општините Велес, Градско и Чашка гласаат болни и изнемоштени лица
- Во Велес и велешко денеска гласаат 234 болни и изнемоштени лица. Воедно гласаат и 33 затвореници во велешкиот затвор, информира за МИА, Ребека Бајдевска Ѓошева од ОИК Велес.
Велес, 7 мај 2024 (МИА) - Во Велес и велешко денеска гласаат 234 болни и изнемоштени лица. Воедно гласаат и 33 затвореници во велешкиот затвор, информира за МИА, Ребека Бајдевска Ѓошева од ОИК Велес.
Воедно во ОИК Велес се подготуваат и избирачките места, каде се носат избирачките материјали за утрешното гласање.
Утре на 84 избирачки места во Општина Велес за избор на претседател ќе гласаат 44 858 лица запишани на единствениот избирачки список и 44 954 лица за избор на пратеници во македонскиот парламент.
-Во Општина Градско во своите домови денеска гласаат 52 болни и изнемоштени лица од осум од вкупно 11 избирачки места во општината, информира за МИА, Мери Седмакова Димовска, претседател на ОИК Градско.
Во Општина Чашка денеска во своите домови гласат 127 лица од 19 избирачки места од вкупно 31 во општината, информира за МИА, Марјан Јовановски секретар на ОИК Чашка.
Утре на денот на изборите на 31 избирачко место во општината за претседател ќе гласаат 6076, а за пратеници 6083 лица. ад/дма/
Фото: МИА архива