• понеделник, 23 декември 2024

Во Општина Центар минатата недела санкционирани 196 непрописно паркирани возила

Во Општина Центар минатата недела санкционирани 196 непрописно паркирани возила

Скопје, 30 октомври 2023 (МИА) – Во Општина Центар минатата недела биле санкционирани 196 непрописно паркирани возила од страна на ЈП ПОЦ. 

- ЈП Паркинзи и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 196 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Во периодот од 23 до 29 октомври, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 111 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 85 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП ПОЦ.

Оттаму посочуваат дека заедно со Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општината. ир/са/

 

Фото: ЈП ПОЦ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан