• понеделник, 23 декември 2024

Во општина Маврово Ростуше ќе гласаат 38 болни и изнемоштени лица

Во општина Маврово Ростуше ќе гласаат 38 болни и изнемоштени лица

Гостивар, 22 април 2024 (МИА) – Во општина Маврово-Ростуше правото на глас утре ќе го искористат 38 болни и изнемоштени лица во првиот круг од претседателските избори. На избирачкиот список во најмалубројната општина во гостиварскиот регион запишани се вкупно 10.343 граѓани со право на глас.

- Во рокот предвиден за пријавување сите барања кои беа доставени, комисијата ги одобри, рече Абдулреџеп Агаи од ОИК Маврово-Ростуше.

До ОИК биле поднесени барања од 4 лица кои се наоѓаат во казнено-поправни установи. згм/мд/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан