• понеделник, 23 декември 2024

Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица

Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица

Гостивар, 7 мај 2024 (МИА) – Во пресрет на двојните избори – претседателските во вториот круг и парламентарните избори, денес во општина Маврово и Ростуше ќе гласаат вкупно 68 болни и изнемоштени лица.

Од ОИК информираат дека во рокот биле пријавени 70 болни и изнемоштени лица, од кои 68 ги исполнувале условите за да гласаат.

Според претседателот на комисијата Реџеп Агаи, изборниот процес се одвива без тешкотии и очекува попладнево сите пријавени да го остварат гласачкото право. Агаи посочи и дека засега добро одат и подготовките за утрешниот ден и не очекува застои во гласањето. згм/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан