• понеделник, 23 декември 2024

Во Оклахома по шест години извршена смртна казна

Во Оклахома по шест години извршена смртна казна
Вашингтон, 29 октомври 2021 (МИА) – Во американската сојузна држава Оклахома по шест години пауза извршена е смртна казна со инјекција. Затвореникот Џон Марион Грант, осуден поради убиство, егзекутиран е во притвор во градот МекАлестер. Грант е првиот осуденик во Оклахома кој е погубен откако праксата беше прекината во 2015 година, по неколку неуспешни инјекции. Следните две егзекуции во Оклахома се закажани за 18 ноември и 9 декември. Делови од САД ја укинаа смртната казна, но таа е во сила во 27 од 50 држави. Во САД минатата година беа егзекутирани 17 затвореници. ми/

Остани поврзан