• петок, 05 декември 2025

Во Новаци јавна расправа за експлоатација на јаглен за РЕК Битола од наоѓалиштето во Живојно 

Во Новаци јавна расправа за експлоатација на јаглен за РЕК Битола од наоѓалиштето во Живојно 

Новаци, 12 мај 2025 (МИА) - Министерството за животна средина и просторно планирање денеска во Општина Новаци ќе одржи јавна расправа за  Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот експлоатација на јаглен од наоѓалиштето во Живојно со површинска технологија кое е во функција на РЕК Битола.

Јавната расправа се организира по доставување на студијата, на барање на инвеститорот АД „ Електрани на Северна Македонија“, со цел да се оцени влијанието врз животната средина. мт/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан