• понеделник, 23 декември 2024

Во Непал и Индија 48 загинати во монсунските дождови

Во Непал и Индија 48 загинати во монсунските дождови
Катманду, 18 септември 2022 (МИА) - Во Непал и Индија 48 лица загинаа во монсунските дождови и лизгање на земјиштето, соопштија денеска властите на двете земји.
Во западен Непал, 22 лица загинаа во лизгање на земјиштето кое затрупа околу 100 куќи, соопшти локалната полиција, додавајќи дека 11 лица се повредени.
Во соседна Индија 26 лица загинаа во монсунските дождови кои паѓаат од петокот.
Меѓу жртвите има и девет работници затрупани од уривањето на градежен ѕид во градот Лакнау во индиската држава Утар Прадеш. Сезоната на монсуните, која трае од јуни до септември, е важна за наводнување на посевите и снабдување со вода во тој дел од Азија каде што живее една петтина од светската популација. Меѓутоа, во таа сезона голем број луѓе гинат во поплави и бури. паг/

Остани поврзан