• сабота, 04 мај 2024

Во Неготино 62.8 проценти излезност до 18:30 часот, во Демир Капија 63 проценти 

Во Неготино 62.8 проценти излезност до 18:30 часот, во Демир Капија 63 проценти 

Неготино, 24 април 2024 (МИА) - Во општина Неготино, 62.8 проценти изнесува излезноста на гласачите до 18:30 часот, на денешните претседателски избори. Ова се информациите добиени од претседателката на општинската изборна комисија Неготино, Елизабета Камчева.

Во единствениот избирачки список, за оваа општина се запишани вкупно 15 840 лица со право на глас. 

Според информациите од претседателот на ОИК Демир Капија, Благој Јовановски, во Демир Капија до 18:30 гласале 63 отсто од гласачите, односно 2 051 лице со право на глас. 

Во избирачкиот список за општина Демир Капија, има 3.216 избирачи. свд/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан