• петок, 22 ноември 2024

Во Неготино граѓански трибини за предлог-проекти во општинските програми за работа

Во Неготино граѓански трибини за предлог-проекти во општинските програми за работа
Неготино, 22 ноември 2022 (МИА) - Во општина Неготино денеска се стартува со граѓански трибини, за утврдување предлог-проекти за во општинските програми за работа во наредната година, финансирани од општинскиот буџет. Трибини ќе се одржуваат во урбани и рурални месни заедници.
- Во процедура е изработка на програми и активности што ќе се планираат да се реализираат во буџетот на Општина Неготино за 2023 година. Како општествено одговорна и транспарентна институција, ги повикуваме жителите од сите месни заедници да учествуваат и самите во креирањето на буџетот. Начинот на прибирање идеи, предлози, ќе се врши преку средби помеѓу граѓаните, советниците во Советот на Oпштината, градоначалникот и членови од администрацијата, информира градоначалникот Горан Стојанов.
Денеска во попладневните часови, ќе бидат првите две средби. Најпрвин со жители на Долни Дисан, а потоа и трибина со мештани од Тимјаник.
Прибирање предлози за општинските програми 2023 година, ќе има и преку поставување штандови в четврток, на градскиот плоштад. свд/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан