• петок, 19 јули 2024

Во НБА рекордни шест трипл-дабл во еден ден

Во НБА рекордни шест трипл-дабл во еден ден
Вашингтон, 18 март 2021 (МИА) – Во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА, е поставен рекорд за најмногу трипл-дабл остварувања во еден натпреварувачки ден. Шест играчи ноќта среда кон четврток имаат двоцифрени достигнување во три статистички категории: Расел Вестбрук (Вашингтон), Џејмс Харден (Бруклин), Бен Симонс (Филаделфија), Домантас Сабонис (Индијана), Дрејмонд Грин (Голден Стејт) и Никола Јокиќ (Денвер). Претходно, рекордот по бројот на трипл-дабл во еден ден беше пет и беше поставен на 14 март. зс/

Остани поврзан