• недела, 22 декември 2024

Во населбата " Венец1" во Дебар ќе бидат целосно реконструирани пет улици

Во населбата

Дебар, 19 мај 2023 ( МИА) - Во населбата " Венец1" во Дебар целосно ќе бидат реконструирани пет улици и ќе се изгради атмосферска канализација.

Со цел запознавање со работите кои ќе почнат деновиве локалната власт организираше средба на која беа поканети за присуство жителите од оваа населба.

- Со овој значаен проект ќе бидат опфатени улиците " Пролетерска" " Ленинова" " Борис Кидрич" " 4 Јули" и " Никола Тесла". Проектот ќе го финансира Светска банка преку Министерството за транспорт и врски, каде општината конкурираше на соодветниот конкурс, рече на средбата градоначалникот Хекуран Дука.

Ве  покануваме, додаде, на соработка во сите фази од реализацијата на проектот зашто "сакаме да бидете активен дел со ваши поплаки, сугестии и пофалби".

- Одобрени се средства во износ од околу 700 илјади евра а нов асфалтен слој ќе биде поставен на 1250 метри улици, каде за првпат ќе биде изградена и атмосферска канализација. Работите ќе ги изведува ГП "Илинден" од Струга кое беше избрано на тендер како најповолен понудувач, посочи Дука.

Присутните ја поздравија оваа заложба на локалната власт, што ќе ги надмине проблемите со кои се соочувале.

Населбата " Венец1" никна по катастрофалниот земјотрес што го погоди Дебар на 30 ноември 1967 година, каде живеат  неколку илјади граѓани. вт/сх/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан