• сабота, 23 ноември 2024

Во Мјанмар воведена воена состојба

Во Мјанмар воведена воена состојба
Непјидо, 15 март 2021 (МИА) - Хунтата во Мјанмар денеска прогласи воена состојба во земјата односно директна воена контрола на безбедносната ситуација, како и поголеми административни, судски и воени овластувања. Протестите во Мјанмар почнаа откако армијата на 1 февруари воведе вонредна состојба и ја презеде власта во државата и уапси високи владини функционери под обвинување за измама на минатогодишните избори, меѓу кои и легално избраната премиерка Аунг Сан Су Чи. Безбедносните сили на Мјанмар вчера убија најмалку 38 демонстрани, од кои 34 загинаа  во квартот Хлаингта во Јангон. Другите загинати се во градовите Баго, Мандалеј и Хпакант. Локалните медиуми објавија дека голем број на демонстранти се повредени од гумени куршуми и од боева муниција. ми/  

Остани поврзан