Во Македонска Каменица во тек тендерска постапка за изградба на нов пешачки мост на Каменичка Река
- Општина Македонска Каменица започна тендерска постапка за изградба на нов пешачки мост во горниот дел од кејот на Каменичка Река. Мостот кој се наоѓа во близина на Градскиот пазар како што сооошти денес градоначалникот на Општината, Димчо Атанасовски освен естетската вредност, ќе овозможи безбедно и полесно движење за сите наши граѓани.

Делчево, 26 февруари 2025 (МИА) - Општина Македонска Каменица започна тендерска постапка за изградба на нов пешачки мост во горниот дел од кејот на Каменичка Река. Мостот кој се наоѓа во близина на Градскиот пазар како што сооошти денес градоначалникот на Општината, Димчо Атанасовски освен естетската вредност, ќе овозможи безбедно и полесно движење за сите наши граѓани.
-Мостот ќе биде изграден од украсен камен, идентичен со постоечките пешачки мостови пред градската црква Успение на Пресвета Богородица и мостот изграден минатата година пред новоизградениот Повеќенаменски спортски комплекс, истакна Атанасовски.
Со мостот како што додаде ќе се поврзат Горно и Суво Маало со Градскиот пазар и централното подрачје на Македонска Каменица.
-Ова е уште еден чекор кон поубава и пофункционална Македонска Каменица. Продолжуваме да градиме модерна, развиена и современа општина, додаде Атанасовски.
Средствата во висина од 2.503.410 денари без ДДВ, се обезбедени од буџетот на Општина Македонска Каменица. Рокот на изградба на новиот пешачки мост е шест месеци. вс/нд/
Фото: Општина Македонска Каменица