• петок, 05 декември 2025

Во Македонска Каменица во тек реализација на неколку инфраструктурни проекти

Во Македонска Каменица во тек реализација на неколку инфраструктурни проекти

Македонска Каменица, 11 јуни 2025 (МИА) - Градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски денеска на својот фејсбук профил информираше за текот на дел од градежните активностите кои Општина Македонска Каменица ги реализира во текот на оваа работна недела. 

Активностите како што посочи се реализираат согласно договорот за градежни работи и партерно уредување на јавни површини. 

-Во Стара Каменица започнавме со подготвителни градежни активности за изградба на отворени помошни објекти со вкупна површина од 75 м². Овие објекти се лоцирани во непосредна близина на Грчките гробишта и се наменети за потребите на жителите од овој дел на нашата општина, информираше Атанасовски.

Во напредна фаза истакна тој е и изградбата на темелите и фундаменталниот дел од новиот пешачки мост кај Градскиот пазар.

-Со ова, чекор по чекор го менуваме импровизираното решение со трајна, безбедна и модерна инфраструктура во централното градско подрачје, додаде Атанасовски во својата објава.

Општината најави дека ќе продолжи посветено да инвестира во подобрување на инфраструктурата и условите за живот во сите населени средини. вс/аа/

Фото: Димчо Атанасовски, градоначалник на Македонска Каменица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан