• вторник, 05 ноември 2024

Во Куманово доделени потврди на ангажирани лица за учество во проектот „Локална мрежа на услуги“

Во Куманово доделени потврди на ангажирани лица за учество во проектот „Локална мрежа на услуги“
Куманово, 18 јули 2022 (МИА) - Петнаесетте ангажирани лица од Куманово во проектот „Локална мрежа на услуги“, денеска добија потврди за учество и ангажираност во проектот, информираа денеска од секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита од Општина Куманово. Ангажираните лица беа дела од програмата општинско корисна работа за 2021/2022 година како образовни асистенти и асистенти за информирање и упатување за остварување на социјална помош. - Образовните асистенти понудија индивидуална работа на ученици со попреченост вклучени во средното образование и им понудија помош и поддршка при совладување на наставната содржина, ги мотивираа учениците за учење и социјализација, за вклучување на во наставни активности и го следеа нивниот напредок, изјави Катерина Пешиќ Бошковска од секторот за култура, спорт, социјална заштита и заштита на деца. Асистентите за информирање и упатување за остварување на социјална помош понудија информирање на граѓаните за нивните права и расположливи услуги, ги упатуваа во соодветни установи, здруженија, локалната самоуправа заради остварување на нивните права и користење на услугите согласно нивните потреби, помагаа во унапредување на соработката со невладините организации, и извршија теренски увид на проблемите и потребите на граѓаните. Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово почна со подготовки за новиот проект под наслов „Инклузивна училница“, кој ќе се реализира во период од септември 2022 година до јуни 2023 година, информираа денеска од општина Куманово. Преку проектот ќе бидат ангажирани 15 невработени лица во улога на образовни и лични асистенти на учениците со попреченост вклучени во образовниот процес во средните училишта во градот. Оттаму ја известуваат кумановската јавност и заинтересираните лица коишто би сакале да учествуваат во проектот да пополнат пријава за учество во Центарот за вработување Куманово. Повикот ќе биде објавен на веб-страната на Општина Куманово, во првата половина на месец август оваа година. ам/цр

Остани поврзан