• сабота, 06 јули 2024

Во Крушево почнува летниот адреналински фестивал „When in Krusevo“

Во Крушево почнува летниот адреналински фестивал „When in Krusevo“

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) - Од денеска до 7 јули во Крушево ќе се одржи летниот адреналински фестивал „When in Krusevo“, чија цел е промовирање на крушевскиот живопис полн со природни убавини и спортски актракции, будење на адреналинот и желбата за дружење, промоција на уметноста, историјата, живите традиции на градот и гостопримството кои и тоа како создаваат чувство на топлина.

Од оваа година, како што најавуваат организаторите, во фокус ќе е инклузијата на социјално ранливите категории на граѓани во Крушево.

-Фестивалот започнува во предвечерието на 5 јули, со пријавување и подигање на пакет со маичка и производи од спонзорите. Официјалното отварање започнува истиот ден со забава во Градскиот парк со BABURA JUNIOR, додека наредните денови музичката програма ќе ја надополнат  ДНК, CYRILLIC, DJ Bapchu, ESTEPHANO, Totsilly, BONO, информираат организаторите.

Меѓу другите содржини кои ќе ги понуди фестивалот се тандем параглајдинг летања,  искачување на вештачка карпа, адреналински парк, јавање на коњи, кајак и SUP.

За љубителите на планинскиот велосипедизам има тура од 20 километри и планинска велосипедска трка, додека за истражувачите на планинските убавини планинарска тура од 10 километри.  Гурманите пак, ќе може да уживаат во дегустацијата на локалните специјалитети на саемот за храна и пијалоци кој ќе се одржи во недела, во склоп на  инклузивниот настан за подигање на свеста за социјално ранливите категории кој ќе се одржи благодарение на новите поддржувачи на фестивалот, оние со големо срце и душа кои несебично застанаа позади нашата идеја. сст/вг/

Фото: плакат

 

Остани поврзан