• вторник, 24 декември 2024

Во Крива Паланка ќе биде отворена детска градинка со капацитет за 102 деца

Во Крива Паланка ќе биде отворена детска градинка со капацитет за 102 деца
Скопје, 2 февруари 2022 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. На средбата, како што соопшти МТСП, станало збор за проектите кои Министерството и општината ги спроведуваат заедно. Министерката Тренчевска, го информирала Митовски дека и во наредниот период очекува активно да се спроведува Проектот за подобрување на социјалните услуги и сеопфатната социјалната реформа која ја спроведуваат Владата и Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светската банка. -За брза  реализација на проектите неопходна е успешна соработка на централната и локалната власт бидејќи само така ќе имаме задоволни граѓани. Таква е соработката со општината Крива Паланка, каде во завршна фаза е детската градинка „Детелника“ која очекуваме наскоро да се отвори и да згрижи 102 деца, посочила Тренчевска. Градоначалникот Митовски, ја информирал министерката Тренчевска, дека Oпштината е заинтересирана на нејзина територија, со поддршка на МТСП, да биде отворена Установа за вонсемејна заштита на стари лица. сст/дма/

Остани поврзан