• четврток, 12 декември 2024

Во Косово започнува електронски надзор за ефикасно сузбивање семејно насилство

Во Косово започнува електронски надзор за ефикасно сузбивање семејно насилство

Приштина, 11 декеември 2024 (МИА) - Косовскиот премиер Албин Курти објави дека ќе се бори против семејното насилство „како никогаш досега“ со користење на електронски надзор, јавија косовските медиуми.

Тој го изјави ова по состанокот синоќа организиран од косовската полиција, на кој беше претставено како ќе функционираат електронските врски за следење на сторителите на насилство, односно осомничените.

Електронскиот надзор, што ќе стапи во сила веднаш, ќе се применува за секој поединец, велат надлежните по донесувањето на судската одлука за налогот за заштита.

Најмногу жртви на семејно насилство во Косово се жени.

Законот за електронски надзор стапи на сила во јуни 2015 година, но никогаш досега не е спроведен.

„Долгогодишно барање беше нашата полиција, со цел поефикасна превенција, подобри истраги и посеопфатен третман, да премине и во оваа фаза на поврзување со електронски мониторинг“, рече премиерот на Косово.  зш/

Остани поврзан