• четврток, 04 јули 2024

Во Конго епидемија на чума

Во Конго епидемија на чума
Бразавил, 19 февруари 2021 (МИА) - Повеќе од 500 случаи на чума се пријавени во североисточниот дел на Конго во последните три месеци. Според локалните власти, досега се регистрирани 520 случаи, а починало 31 лице. - Станува збор за бубонска чума што повторно се појави во регионот, рече министерот за здравство во покраината Итури, Патрик Карамура. Исто така, постојат пет случаи на пневмонична чума. Првите случаи на заболувањето се регистрирани во Итури во средината на ноември минатата година. Просечната возраст на заразените е 13 години, според невладината организација „Екохелт Алијанс“. За североисточните региони на Конго, чумата е ендемично заболување. паг/  

Остани поврзан