• недела, 26 јули 2026

Во Клиниката за ТОАРИЛУЦ примени девет повредени во невремето во Скопје, од кои две лица потешко

Во Клиниката за ТОАРИЛУЦ примени девет повредени во невремето во Скопје, од кои две лица потешко

Скопје, 21 јули 2026 (МИА) - Девет повредени лица во невремето во Скопје се примени во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во Скопје, изјави за МИА директорот на Клиниката, проф. д-р Игор Мерџаноски.

Од нив две се со потешки повреди - една жена со повреда на глава е на Неврохирургија, а друга е со скршена рака, додаде д-р Мерџаноски за МИА. рп/лв/

Фото: МИА архива