• четврток, 11 јули 2024

Во Кина масло за јадење се транспортирало во цистерни за гориво

Во Кина масло за јадење се транспортирало во цистерни за гориво

Пекинг, 11 јули 2024 (МИА) – Во Кина ќе биде поведена истрага поради тврдењата дека во цистерни за гориво, без соодветно да се исчистат, се транспортирало масло за јадење.

Истрагата е иницирана откако граѓаните на социјалните мрежи изразија загриженост поради потенцијалната контаминација на храната.

Голем број граѓани последниот скандал го споредија со аферата со млекото во 2008 година, кога се разболеа 300.000 деца, а најмалку шест починаа откако пиеја млеко во прав контаминирано со високо ниво на индустриската хемикалија меламин. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан