• петок, 28 јуни 2024

Во каменичкото село Луковица асфалтиран локалниот пат до Дракарска Маала

Во каменичкото село Луковица асфалтиран локалниот пат до Дракарска Маала
Македонска Каменица, 14 мај 2022 (МИА) - Во каменичкото село Луковица асфалтиран е локалниот пат до Дракарска Маала. Градежните работи во ова село, се реализираа во рамки на активностите за подобрување на патната инфраструктура во селските средини.
-Заврши асфалтирањето на патот до Дракарска Маала во село Луковица. На овој локален пат останува да бидат финиширани банкини од двете страни. Продолжуваме со изградба на патишта во сите средини за трајно решавање на инфраструктурните проблеми на нашите жители, истакнаа од Општината.
По завршувањето на оваа активност, градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски најави изградба и на локален пат во селото Костин Дол.
-Во ова село уште годинава ќе започне изградба на нов асфалтен пат (од Штабо до маала Чобање), што е прв случај по повеќе од 35 години, рече Атанасовски, додавајќи дека за полесно решавање на проблемите на населението, во месните заедници во тек е постапка за избор на нови претседатели, по што очекува да се подобри комуникацијата и нивните проблеми да се решаваат во пократок рок. вс/свс/

Тагови

Остани поврзан