• понеделник, 23 декември 2024

Во Камбоџа нема повеќе ниту еден активен случај на Ковид-19

Во Камбоџа нема повеќе ниту еден активен случај на Ковид-19
Пном Пен, 16 мај 2020 (МИА) - Последниот пациент инфициран со новиот коронавирус во Камбоџа оздраве и излезе од болница, така што во земјата нема ниту еден активен случај, изјави денеска министерот за здравство на Камбоџа, Мам Банхенг. Во Камбоџа беа евидентирани 122 лица заразени со Ковид-19, а ниту едно лице не почина од последици на новиот коронавирус. Последниот случај во Камбоџа беше регистриран на 12 април, а од почетокот на епидемијата биле спроведени 14.684 тестови. Но, здравствените власти предупредуваат дека нема да бидат намалени рестриктивните мерки односно и понатаму ќе бидат затворени училиштата, ќе има гранични контроли и ќе важат мерките за самоизолација. ми/

Остани поврзан