• понеделник, 23 декември 2024

Во Кавадарци се доградува кејот на реката Луда Мара 

Во Кавадарци се доградува кејот на реката Луда Мара 

Кавадарци, 9 декември 2023 (МИА) - Интензивно се работи на реализација на проектот за доизградба на кејот на реката Луда Мара, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

- Ова е проект од особено значење за овој дел на градот. Изградбата на кејот на реката Луда Мара до Општа болница Кавадарци ќе го дополни убавиот кеј кој се протега се до селото Ваташа. Се гради минор и мајор речното корито, ќе се постави ново улично осветлување и урбана опрема, ќе се продолжи кеј - шеталиштето што претходно беше најзапуштениот дел во нашиот град, соопштија од кабинетот на градоначалникот.

Финансиската конструкција за овој проект, како што наведуваат, изнесува еден милион евра. свд/ар/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан