• сабота, 05 октомври 2024

Во Кавадарци проект за континуиран мониторинг на биодиверзитетот во општината

Во Кавадарци проект за континуиран мониторинг на биодиверзитетот во општината
Кавадарци, 26 мај 2022 (МИА) - Проект за континуиран мониторинг на биодиверзитетот се реализира во општината Кавадарци, информираа денеска од регионалниот еколошки центар „Еко-живот“. Оттаму соопштија дека имплементатор на проектот е ова здружение за заштита и унапредување на животната средина, а активностите се финансиски поддржани од кавадаречката локална самоуправа.
-Целта е мониторинг на богатото природно богатство со кое располага нашиот крај. Градот Кавадарци и неговата околина да се издигнат на повисоко еколошко ниво, во една здрава еколошка средина, соодветна за нормален и здрав живот. Тоа би се постигнало преку подигнување на свеста на народот за еколошки здрав урбан живот. Тука е можноста, младите да придонесат за заштитата и унапредувањето на животната средина, појаснија од еколошкото друштво со долгогодишна традиција.
Од „Еко-живот“ најавија и низа други еколошки активности во периодот што следува. свд/мд/
 
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан