• петок, 05 декември 2025

Во Кавадарци почна судењето по обвинителен предмет за сомнеж за несовесно лекување

Во Кавадарци почна судењето по обвинителен предмет за сомнеж за несовесно лекување

Кавадарци, 15 октомври 2025 (МИА) - Во Основниот суд Кавадарци денеска беше одржано првото рочиште по обвинителен предмет за сомнеж за несовесно лекување на пациентка на возраст над 35 години од Кавадарци.

Случајот датира од пред две години, а на денешното рочиште обвинетиот лекар се изјасни дека не се чувствува виновен по обвинението. Во текот на рочиштето беа сослушани и тројца сведоци.

Следното рочиште е закажано за ноември, кога ќе бидат сослушани и останатите сведоци на Обвинителството, како и вештите лица од Институтот за судска медицина. свд/дма/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан