• петок, 22 ноември 2024

Во Италија во 2023 година регистрирани 16.307 земјотреси

Во Италија во 2023 година регистрирани 16.307 земјотреси

Рим, 9 јануари 2023 (МИА) - Во 2023 година, во Италија биле регистрирани 16.307 земјотреси, што значи по еден потрес на секои 30 минути, објави веб-страницата Sky TG 24, цитирајќи го Националниот институт за геофизика и вулканологија.

Најсилен беше земјотресот на 1 мај во 4 часот и 41 минута во близина на брегот на Калабрија со јачина од 5,2 степени.

Сеизмички најактивна област била Сицилија со вкупно 181 сеизмички настан со магнитуда поголема од 2 степени, додека Сардинија е област со најмала сеизмичка активност. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан