• сабота, 03 август 2024

Во италијанското првенство планираат да одржуваат натпревари секој ден по рестартирањето

Во италијанското првенство планираат да одржуваат натпревари секој ден по рестартирањето
Рим, 31 мај 2020 (МИА) - Натпреварите во фудбалското првенството на Италија по продолжувањето на сезоната ќе се одржуваат секој ден. Таков згузнаст распоред е избран за да има време да се заврши лигата пред 2 август. Рестартирањето е закажано за 20 јуни. Во исто време, натпреварите во интерес на телевизијата и клубовите ќе започнат во различни термини. Во понеделник, почетокот на натпреварите е закажан за 21 часот, во вторник, среда и четврток - во 19 часот и 21 часот. Секој петок ќе има еден натпревар од Серија А во 21 часот, а во сабота и недела по три: во 17:15 часот, 19:30 и 21:45 часот. зс/

Остани поврзан