• петок, 22 ноември 2024

Во израелски ракетен напад уништена зграда во Дамаск и убиен е висок член на Иранската револуционерна гарда

Во израелски ракетен напад уништена зграда во Дамаск и убиен е висок член на Иранската револуционерна гарда

Дамаск, 20 јануари 2024 (МИА) - Припадник на Иранската револуционерна гарда денеска е убиен во израелски напад врз сирискиот главен град Дамаск, за британските меидуми изјави  извор од безбедносните сили во регионалниот просириски сојуз.

Изворот додаде дека повеќекатната зграда ја користеле ирански советници кои ја поддржуваат сириската влада и дека во нападот таа била срамнета со земја.

Сириските државни медиуми соопштија дека израелскиот напад бил насочен кон зграда во населбата Мазех, во Дамаск, без да дадат дополнителни детали. Други медиуми во Сирија објавија дека експлозии одекнале низ главниот град.

Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, цитиран од француските медиуми, извести за пет лица убиени во „израелскиот напад“ врз зграда во Дамаск, каде се одржувал „состанок на проирански лидери“.

„Во израелски ракетен напад на четирикатница во која се одржа состанок на проиранските лидери, загинаа пет лица,  а зградата беше целосно уништена“, соопшти Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, со седиште Велика Британија. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан