• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во израелски напад врз градот Газа загинаа најмалку 23 лица

Во израелски напад врз градот Газа загинаа најмалку 23 лица

Газа, 9 април 2025 (МИА) – Најмалку 23 луѓе загинаа, а околу 50 се повредени во денешниот израелски воздушен напад врз станбена зграда во градот Газа, тврдат палестинските власти.

Израелската армија соопшти дека цел на нападот бил висок припадник на Хамас и оти пред нападот биле преземени сите мерки за заштита на цивилното населени. Израел тврди дека Хамас ги користи цивилите како жив штит.

По неуспешното примирје, Израел на 18 март ги продолжи нападите врз палестинската енклава. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан