• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во израелски воздушен напад погодена болница во Газа, повредени се 10 лекари и пациенти

Во израелски воздушен напад погодена болница во Газа, повредени се 10 лекари и пациенти

Газа, 15 април 2025 (МИА) - Во израелски воздушен напад е погоден северниот влез на теренската болница во Појасот Газа, при што се ранети 10 лица, тројца медицински лица и седум пациенти, изјави портпаролот на болницата, Сабер Мохамед.

Цел на нападот беше теренската болница во Кувајт во областа Муваси, каде што стотици илјади луѓе побараа засолниште во огромни шаторски кампови.

Портпарол на болницата изјави дека двајца од пациентите се тешко повредени.

Засега нема коментар од израелската армија. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан