• среда, 02 октомври 2024

Во израелските напади врз Либан за еден ден загинале 95 луѓе

Во израелските напади врз Либан за еден ден загинале 95 луѓе

Бејрут, 1 октомври 2024 (МИА) – Министерството за здравство на Либан соопшти дека во вчерашните израелски напади загинале вкупно 95 луѓе, а повредени се 172 лица.

И во текот на ноќта израелската армија (ИДФ) изврши напади врз јужните предградија на Бејрут, а претходно ги повика да граѓаните да се евакуираат.

ИДФ синоќа соопшти дека воспоставила „затворени воени зони“ на границата со Либан, а утрово почна „ограничена и локализирана“ копнена операција против Хезболах во јужен Либан. ми/

фото: ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан