• петок, 11 октомври 2024

Во Европската куќа на млади во Скопје отворена стрип изложбата „Да и дадеме шанса на инклузијата“

Во Европската куќа на млади во Скопје отворена стрип изложбата „Да и дадеме шанса на инклузијата“

Велес, 10 октомври 2024 (МИА) - Стрип центарот на Македонија - Велес  денеска во Европската куќа на млади во Скопје ја отвори изложбата „Да и дадеме шанса на инклузијата“  на која   се изложија  најдобрите дела од наградниот стрип конкурс на истата тема  на која  се јавија 263 млади автори од различни етнички и географски средини од земјава.

Дел од учесниците на овој конкурс беа дел и од неколкудневна стрип работилница во село Нежилово, каде што ги усовршија и доработија  своите стрип дела ,информира за МИА Ване Трајков претседател  и основач на СЦМ-Велес.

На изложбата  беше промовиран и  каталогот каде се објавени стриповите, со претставување и на самите автори, нивните училишта и ментори, и доделени дипломи и сертифати за учество на ученици, професори-ментори и училишта.

Со  денешната изложба, СЦМ-Велес го завршија  имплементирањето на  циклус од пет изложби, како дел од Грантот „All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“ .

Овој грант е дел од вториот повик отворен повик за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.ад/

Фото: постер

Остани поврзан