• вторник, 24 декември 2024

Во делчевското село Тработивиште се одржа манифестацијата Зелкаријада 2024

Во делчевското село Тработивиште се одржа манифестацијата Зелкаријада 2024

Делчево, 19 октомври 2024 (МИА) - Во делчевското село Тработивиште денеска се одржа манифестацијата „Зелкаријада". Целта на четвртата по ред манифестација е да се промовира на најзастапената земјоделска култура која се децении се одгледува на овие простори. 

- За разлика од првата година кога на манифестацијата имавме помалку гости како за почеток, од година во година манифестацијата прерасна во настан со повеќе учесници. Денес веќе имаме повеќе посетители и затоа решивме да претставиме се што се произведува од овој крај, значи се враќаме на традиција на старите рецепти со акцент на зелката, истакна Сузана Новоселска од село Тработивиште.

Во моментот во село Тработивиште  околу  десетина семејства што произведуваат зелка, а интересот со тек на времето како што додадва Новоселска се враќа во последните неколку години.

На годинешната „Зелкаријада“ учествуваа и гости од Р.Бугарија и Р.Србија.

- Ние подготвуваме само автентични јадења у и изведуваме само автентичен фолклор и се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи. Домаќините ни ги овозможија сите продукти, а се надевам дека нашата понуда ќе им се допадне на гостите, истакна гостинка од Логодаж, Р Бугарија.

За гостите од Чачак, Република Србија беше чест да се биде дел од овој настан.

- Ние како што е и името на самиот настан Зелкаријада подготвуваме зелка со месо. Околу 5,6 часа се подготвува овој рецепт. Имаме добро гостопримство се надевам и понатаму ќе соработуваме, истакна Далибор Вуксановиќ, учесник на настанот.
 
Во рамки на четвртата по ред Зелкаријада беа подготвени повеќе содржини со изведба на стара изворна македонска музика и присутни гости од повеќе градови во Македонија. вс/цр


Фото: МИА

Остани поврзан