• петок, 05 декември 2025

Во Делчево продолжува јавниот повик за пријавување штети на земјоделски насади

Во Делчево продолжува јавниот повик за пријавување штети на земјоделски насади

Делчево, 16 јуни 2025 (МИА) - Општина Делчево го продолжи јавниот повик за пријавување штети на земјоделски насади предизвикани од природна непогода - голомразица на територијата на Општина Делчево која ја зафати општината во месец април 2025 година. Јавниот повик, како што се вели во денешното соопштение, продолжува ќе трае до 30 јуни годинава.

-Општина Делчево ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските насади предизвикани од природна непогода - голомразица која ја зафати територијата на Општина Делчево во април 2025 година, да пријават штета на своите  насади на барања кои ќе им бидат достапни во просториите на архивата на Општина Делчево. Покрај барањето, секој барател треба да достави копија од имотен лист, копија од лична карта, доказ за користење на земјиштето за насадите (Решение за запишување на земјоделското стопанство во единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ, Имотен лист, Договор за закуп на земјоделската површина – се доставува доколку земјиштето е под закуп) и трансакциска сметка, информираа од Општината.

Доколку доставените документи не се целосни, како што се додава во соопштението од Општина Делчево, барањето нема да се разгледува. 

-Со потпишување на барањето се потпишува и изјава за веродостојност на податоците и изјава за согласност за користење на личните податоци. Пријавувањето на штетите може да се изврши во период од 16.06.2025 година до 30.06.2025 година, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот, се додава во соопштението од Општина Делчево.

Оттаму апелираа за навремено доставување на документите со цел успешно спроведување на постапката за  пријавување штети на земјоделски насади предизвикани од природна непогода - голомразица. вс/вј/

Фото:Општина Делчево

 

 

Остани поврзан