• понеделник, 23 декември 2024

Во Дебар и Центар Жупа лани прибрани 370 крвни единици

Во Дебар и Центар Жупа лани прибрани 370 крвни единици

Дебар, 4 јануари 2024 (МИА) - Дебарската општинска организација на Црвен крст информираше дека во двете општини кои ги покрива со својата активност, Дебар и Центар Жупа, лани беа прибрани вкупно 370, што е за 112 крвни единици помалку, споредено со претходната година.

-Во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, минатата година реализиравме шест редовни и една вонредна крводарителна акции, во кои, како и дадени едници во итни случаи, се прибрани 370 крвни единици, што претставува околу 62 отсто остварување на годишниот план, кој изнесуваше 600 крвни единици. Тоа како последица на масовната миграција во нашиот регион, од каде во светот заминаа многу редовни крводарители, но и млади кои се потенцијал да станат доброволни крводарители, изјави за МИА Исни Телќиу, секретар на организацијата.

Додава дека врз тоа секако влијание има непостоењето на кабинет за трансфузиологија при Општата болница со проширена дејност во Дебар, кој функционираше пред повеќе од деценија и пол.

-Доколку функционира кабинет сите оние кои добиваат лекарска препорака дека треба да даруваат крв или покажат лична подготвеност за тоа, ќе може тука да ја подадат раката и да ја даруваат течноста што живот значи. Вака треба да патуваат до некој од соседните градови, оценува Телќиу.

Најави дека и годинава се планирани шест редовни и една вонредна акција. Годишниот план е исто така 600 крвни единици а првата крводарителна акција, планирана е за крајот на месецов.вт/бт/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан