• петок, 28 јуни 2024

Во дебарската гимназија запишани 61 ученик, по двете пријавувања во прва година

Во дебарската гимназија запишани 61 ученик, по двете пријавувања во прва година
Дебар, 25 јуни 2021 (МИА) - Во двете пријавувања за упис во прва година за учебната 2021/2022 година, во гимназијата „28 ноември“ во Дебар пополнети се само 22,4 отсто од предвидените 272  ученички места, со конкурсот на МОН. -Во двете пријавувања во нашата гимназија се пријавија вкупно 79 завршени осмоодделенци,  од нив за настава на македонски 12, а запишани се седум, додека на албански наставен јазик 67, а се запишаа 54 ученици. Квотата за упис, според конкурсот на Министерството за образование и наука е 272  ученика  на двата наставни јазика, 102 на македонски и 170 на албански, изјави за МИА, професорката Афрона Леши, претседателка на комисијата за упис. Тоа значи, додава таа, слободни места за третото пријавување има на претек и тоа за  настава на македонски 95 и на албански наставен јазик 116 ученички места. Третото пријавување ќе биде на 30 овој месец, кога се очекува поголем одзив на ученици за упис, бидејќи по традиција завршените основци најпрво среќата ја испробуваат во некое средно стручно училиште во државава, пред се медицинските училишта, како што впрочем се случувало и во изминатите години. Според Леши учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 23 август 2021 година за што доставуваат доказна документација. По масовната миграција што ја зафати општината години на ред предвидената квота за упис не се пополнува, а поголем број од запишаните вообичаено се во месец август. вт/аа/

Остани поврзан