Во Гевгелија се одржа концерт посветен на творештвото на Томе Манчев
- Синоќа во хотелот „Аполонија“ се одржа концерт посветен на композиторот професор д-р Томе Манчев, во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата 2025“. На концертот беше изведен дел од творечкиот опус за камерни ансамбли и солистички дела на композиторот со што неговиот роден град Гевгелија му оддаде почит.
Гевгелија, 22 октомври 2025 (МИА) - Синоќа во хотелот „Аполонија“ се одржа концерт посветен на композиторот професор д-р Томе Манчев, во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата 2025“. На концертот беше изведен дел од творечкиот опус за камерни ансамбли и солистички дела на композиторот со што неговиот роден град Гевгелија му оддаде почит.

На концертот беа изведени делата: „Санаториумска балада“ циклус за глас и пијано (1974/5, текст: Матеја Матевски), Соната „Ламентозо“ за виолина и пијано (1989), „Два става“ за виолончело и пијано (1976), „ДД...“ за соло флејта (2002), „Монолог и Дијалог“ за соло фагот (2002/3) и „Интрада и капричо“ за сопран, виолина, виолончело, кларинет и пијано (1998/9).
-Преку овие дела се претставија двете творечки фази на композиторот и со мал фрагмент се пренесе дел од исклучителната музика на професор д-р Томе Манчев, се наведува во информацијата.
Инаку, Томе Манчев е роден во Гевгелија во 1950 година, а починал 2020 година во Скопје.
Модератор на концертот беше Стефанија Лешкова Заленковска – музиколог, а настапија Ангела Андовска – сопран, Горан Начевски – баритон, Јана Каевска – флејта, Здравко Ангелов – кларинет, Марјан Милошевски – фагот, Мартин Димитров – виолина, Маја Михајловска – виолончело, Елена Атанасовска Ивановска и Ивона Базгалоска – пиjано. рт/дма/
Фото: организатори