• петок, 22 ноември 2024

Во Велес тешко повреден 89-годишен старец при излегување од автобус

Во Велес тешко повреден 89-годишен старец при излегување од автобус

Велес, 30 август 2024 (МИА) -  При излегување од автобус во Велес, со тешки телесни повреди се здобил 89-годишниот П.К., откако паднал.

Во СВР Велес вчера во 8:10 часот било пријавено дека на улица АСНОМ во Велес, во близина на бензинска пумпа, при излегување од автобус „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управуван од 42-годишниот С.М. од село Горно Оризари, велешко, кој застанал за да излезат патници, 89-годишниот П.К. од Велес паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес, информира попладнево портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

Појаснува дека по овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

Како што информира Марина Андова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес,  кај 89-годишниот пациент, по направените радиодијагностички прегледи, била констатирана фрактура на натколеница.

Пациентот е задржан на понатамошен третман на лекување на одделот за ортопедија и трауматологија ад/ир/

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан