• петок, 22 ноември 2024

Во Битола одбележан христијански празник „Свети маченик Трифун“

Во Битола одбележан христијански празник „Свети маченик Трифун“

Битола, 14 февруари 2023 (МИА) - Денот на заштитникот на лозарите и градинарите, градоначалникот на Општина Битола,Тони Коњановски го одбележа со посета селото Крклино, каде повеќе семејства одгледуваат лозје.

Честитајќи им го празникот на сите лозари, градинари и производители на вино и посакувајќи им богат род и успешна работа, со лозарите од овој дел на општината, градоначалникот Коњановски воедно разговараше за моменталната состојба со лозарството и градинарството и предизвиците со кои се соочуваат жителите од битолско кои се занимаваат со овие дејности.

-На денешниот празничен настан, се разговараше и за интересот во битолско и моменталните иницијативи за формирање на мали семејни винарии, од производителите на вина од сопствени лозја, кои се повеќе работат на постигнување на подобар квалитет на производството. Локалната самоуправа во рамки на својата надлежност преку одделението за економски развој продолжува да биде советодавен и консултативен поддржувач на производствените и други дејности на жителите на општината, а преку реализација на планираните проекти во руралните места, се работи на подобрување на условите за работа и развој на овие средини, истакна Коњановски за време на денешната посета во битолското село Крклино. мт/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан